Дома Топ вести Роналдо уште од сега знае каде ќе ја продолжи кариерата по Реал Мадрид

Роналдо уште од сега знае каде ќе ја продолжи кариерата по Реал Мадрид

Кристиано Роналдо има договор со Реал до летото 2021. и јасно е дека подготвен е да го одработи до крајот.

Иако Реал Мадрид верува дека тогаш ќе ја заврши кариерата, или евентуално ќе го продолжи договорот на уште некоја година, тој изгледа дека има други планови.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, тајмингот е навистина совршен, почеток на нова деценија, конкретно за три години би требало да стартува нова МЛС франшиза, и тоа во Мајами. Сопственик е Дејвид Бекам, сигурно најголемата ѕвезда што играше во Америка, и тој верува дека доведувањето на големи ѕвезди би бил одличен начин за популаризација на новиот тим.

Бекам тоа го направи за Галакси, па Роналдо во Мајами сигурно би направил повеќе од тоа. Градот е идеален, има многу луѓе кои го сакаат европскиот фудбал и сигурно дека ентузијазмот би бил огромен. Тоа се совпаѓа и со идејата на Роналдо да се пресели преку океанот и по фудбалската кариера да започне шоу бизнис, позната е неговата амбиција да се проба како глумец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …