Дома Фудбал Италија Роналдо „полудел“ после поразот од Верона

Роналдо „полудел“ после поразот од Верона

Кристиано Роналдо синоќа постигна гол против Верона, но тоа не беше доволно да го спаси својот Јувентус од пораз (2:1).

Португалецот е во извонредна форма и постигна 15 гола на последните 10 меча, меѓутоа останатите фудбалери од тимот не се на негово ниво.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Познато е дека Роналдо не поднесува порази, па италијанските медиуми откриваат дека синоќа „збеснал“ после поразот од Верона, а тоа го потврди и Војчех Шчешни.

„Роналдо беше лут што така лесно изгубивме три бода. Беше многу лут, никогаш не сум го видел таков. Постигнува гол на секој меч, прави се за  тимот да победи, но овој пат не успеавме да направиме нешто повеќе“, изјави голманот на „старата дама“.

Доколку Интер вечер победи во градското дерби ќе се израмни со Јувентус на врвот на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкендија губи во Разград: Лудогорец за само 10 минути ја проби мрежата на македонскиот шампион (Видео)

Лудогорец рано стигна до предност против Шкендија во плеј-офот од Лигата на Европа, поведу…