Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Обожавам да играм во ЛШ, тоа е моето натпреварување

Роналдо: Обожавам да играм во ЛШ, тоа е моето натпреварување

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо беше многу задоволен после победата над Баер Леверкузен во Лиагата на шампиони.

Роналдо играше одлично, постигна еден гол, и изјави дека тоа е неговото омилено натпреварување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тоа е мојот турнир, го обожавам. Сакам да играм во Лигата на шампиони, но најважна е победата на тимот. Одигравме одлично во второто полувреме, игравме добро и постигнавме голови. Завршивме во првото место на групата без пораз“.

„Во второто полувреме игравме пресинг и тоа повисоко, па така создадовме повеќе шанси за гол. Тимот е во одлична форма кога е физичката спремност во прашање. Целосно го контролиравме мечот и заслужено победивме“, изјави Роналдо.

„Што се однесува до ждребот, знаеме дека во оваа фаза секој противник е тежок. Да го почекаме ждребот, па потоа ќе коментираме“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Њукасл не се шегува: Договори напаѓач од 80 милиони евра!

Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо откри ексклузивна информација дека Штутгарт ја приф…