Желбата на Кристијано Роналдо за фудбал, голови и успеси е толку голема што и со скоро 38 години не помислува на крај.
Иако многумина сметаа дека Мундијалот во Катар кој се игра на крајот на оваа година ќе биде последно меѓународно големо натпреварување за Португалецот, Роналдо не мисли така. Имено, тој изјави дека сака да игра и на Европското првенство во 2024 година кое ќе се одржи во Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојот пат не е готов. Ќе бидам дел од Светското првенство, а сакам да играм и на Европското првенство во 2024. Ќе ме гледате уште некое време“, изјави Роналдо.
За селекцијата на Португалија Роналдо одигра 189 натпревари и постигна 117 голови. Во 2016 година со Португалија го освои Европското првенство во Франција. Во февруари Роналдо ќе наполни 38 години.