
Две легенди од италијанската Серија А, Роналдо и Дел Пиеро, разговараа во живо преку Инстаграм.
Во опуштен разговор сепак преовладуваше фудбалот, а една од темите беше Златната топка. Бразилскиот ас, легендарната деветка на Интер, смета дека пет играчи неоправдано останале без Златната топка во текот на кариерата.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Алесандро, заслужи да ја освоиш Златната топка, исто како што тоа го заслужија Тоти, Малдини, Раул и Роберто Карлос. Карлос два пати беше зад мене, но никогаш не ја доби наградата. Секогаш ве почитувале, но имам чувство дека и тоа признание требаше да го добиете.“ – изјави легендарниот Бразилец.
Роналдо два пати ја освои Златната топка, во 1997. и 2002. година, а во кариерата во Европа играше за ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан.