Роналдо Луис Назарио Да Лима имаше богата кариера, која беше крунисана во 2002 година на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја. Тогаш со осум гола го водеше Бразил до светската титула.
На тој турнир Роналдо го изненади светот и со необична фризура, Бразилецот беше ќелав со оставена коса на предниот дел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во интервју за британска телевизија водителката го потсетила на моментот кога неговата мајка му се јавила додека се враќал во Бразил со авион. Потоа го прашала што го натерало така да си ја скрати косата, а не ни спомнала дека нејзиниот син го освоил најголемиот фудбалски трофеј. Роналдо се насмеа и потврди дека е вистина.
“Да, таа ја мразеше таа фризура. Не само неа, милиони мајки ширум светот ме мразеа и тоа продолжува до ден денес бидејќи м,ногу деца се појавија со такви фризури. Им се извинувам на сите, многу ми е жал”, изјавила легендарниот фудбалер.