Дома Фудбал Останато Роналдо и проклетството на култниот број во Манчестер Јунајтед

Роналдо и проклетството на култниот број во Манчестер Јунајтед

Бројот 7 во Манчестер Јунајтед е повеќе од број. Ако во поголемиот број клубови повеќе се почитува десетката на „Олд Трафорд“ култна е седмицата и таа ја носеа само посебни играчи. Џорџ Веа, Брајан Робсон, Ерик Кантона, Дејвид Бекам, Кристиано Роналдо и тука се застанува.

Португалецот помина шест години во клубот од „Олд Трафорд“ и во 196 настапи во Премиер лигата постигна 84 гола, а најмногу постигна во сезоната 2007/2008, дури 31. Откако во летото 2009 година премина во Мадрид сите играчи кои ја носеа прославата седмица баш и не се прославија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајкл Овен, Антонио Валенсија, Анхел Ди Марија, Мемфис Депај и Алексис Санчез сите играчи со овој број на грбот во изминатите десет години постигнаа само 15 лигашки голови.

Овен бесплатно пристигна кога Роналдо замина и на „Олд Трафорд“ остана три сезони и постигна пет голови во Премиер лигата и уште 12 во сите натпреварувања.

Потоа тој дрес го носеше Антонио Валенсија која прво играше со дресот со број 25, а потоа во сезоната 2012/2013 играше со бројот 7 и постигна само еден гол во сите натпреварувања. Веднаш му беше одземена и вратен му беше стариот број.

Во сезоната 2013/2014 никој не го носеше култниот дрес, а потоа Анхел Ди Марија пристигна од Реал Мадрид и го зема тој број, постигна три гола пред да премине во ПСЖ.

Потоа дојде Мемфис Депак кој некои го нарекуваа новиот Роналдо, но Холанѓанецот беше далеку од класата од Португалецот и постигна само два лигашки гола. Последен седмицата ја носеше Алексис Санчез, но и тој не се покажа – само три првенствени гола во дресот на Јунајтед.

За споредба, Роналдо во истиот период самиот постигна 332 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…