Дома Фудбал Англија Роналдо има фаворит за нов менаџер, веќе му се јавил

Роналдо има фаворит за нов менаџер, веќе му се јавил

Суперѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо има свој фаворит за нов менаџер, а тоа е шпанскиот селектор Луис Енрике, пренесува „Скај Спорт“.

Според информацијата Роналдо го предложил Шпанецот на раководството бидејќи смета дека може да направи тим кој ќе биде конкурентен за титулата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Самиот Луис Енрике покажал интерес да седне на клупата на „црвените ѓаволи“. Интересно е што тој освои тројна круна со Барселона во 2015 година кога Роналдо играше за Реал Мадрид.

Покрај Луис Енрике, англиските медиуми ги лансираат имињата на Зинедин Зидан, Брендон Роџерс и Маурисио Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Беше вмешан во голем скандал, а сега ќе им суди на Реал и Баерн

Во среда, во 21 часот, во Минхен ќе се одржи реванш полуфиналниот дуел од Лигата на Шампио…