Кристиано Роналдо за англискиот новинар Пиерс Морган го даде едно од најемотивните интервјуа во кариерата.
Португалецот скоро еден час зборуваше со Морган, а нивниот разговор ќе биде емитуван во вторник во 22 часот на англиската телевизија ИТВ. Роналдо со Морган разговараше за својот живот и во еден момент буквално беше скршен.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Морган на Роналдо му пушти снимка од неговиот покоен татко кој на куќниот праг зборува за својот син пред почетокот на Европското првенство во 2004 година. На краткиот дел од интервјуто кој беше објавен не се гледа снимката, но се гледа како Роналдо заплакува кога ја гледа таа снимка.
Португалецот призна дека таа снимка не ја видел никогаш во животот.
‘He doesn’t see me receive awards.’
— Good Morning Britain (@GMB) September 16, 2019
In an emotional interview, @Cristiano breaks down in tears over the loss of his late father and the fact that he never got to witness his son's success.
Watch the full interview on @ITV on Tuesday at 9pm.@piersmorgan | #GMB pic.twitter.com/LybbJn31VR
„Никогаш не сум ја видел оваа снимка, неверојатно. Од каде ви е? Не знам од каде сте ја набавиле, но морам да ја имам за да ја покажам на семејството. Никогаш добро не сум го познавал мојот татко. Тој беше алко*оличар и никогаш не сме имале нормален разговор. Премногу ми е жал што не ги доживеа сите мои успеси и не ме виде како најдобар во светот“, изјави Роналдо додека ги бришеше солзите.
Таткото на Роналдо не доживеа ниту една од петте титули на неговиот син во Лигата на шампионите, ниту една од Златните топки, како и титулата со Португалија на ЕП…
„Очекував дека ќе се шегуваме, дека нема да биде вака емотивно. Извинете“…зборуваше Роналдо откако ја погледна снимката.
Веројатно после емитувањето на интервјуто ќе биде објавено и видеото кое толку многу го погодува Роналдо.