Дома Трансфер зона Роналдо добил понуда вредна 250 милиони евра за договор на две години!

Роналдо добил понуда вредна 250 милиони евра за договор на две години!

Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед, меѓутоа во Европа има проблем со пронаоѓањето на клуб по негова желба. Сега се појавила опција од Саудиска Арабија.

„Си-Ен-Ен“ објави дека клуб од Саудиска Арабија е спремен да издвои 300 милиони евра за да го доведе Роналдо во своите редови. Од таа сума 30 се за понудата на Јунајтед, 20 за агентот Жорж Мендеш и 250 за двегодишен за Роналдо.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Јасно е дека Роналдо во Европа не може да добие ниту приближно ваква добра финансиска понуда, но прашање е колку Португалецот има желба да се пресели во Саудиска Арабија.

Ќе потсетиме, тој се уште не се приклучил на подготовките на Манчестер Јунајтед за новата сезона која започнува за околу половина месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …