Дома Фудбал Италија Рома и Аталанта ги поделија бодовите на „Олимпико“ 🎥

Рома и Аталанта ги поделија бодовите на „Олимпико“ 🎥

Денес во рамките од 32. коло во италијанската Серија А својот натпревар го одиграа Рома и Аталанта.

Покрај Наполи – Лацио кои ќе се сретнат вечерва ова беше еден од дуелите кои привлекува посебно внимание ова коло. На крајот заврши со поделба на бодовите (1:1).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


До предност Аталанта стигна во 26. минута преку Малиновски, асистент беше одличниот сезонава Госенс. Аталанта беше подобриот тим во првото полувреме, а тоа го покажуваат и 11 удари кон голот на домаќините, седум во рамките од голот. Сепак не успеаа да постигнат уште еден гол. Рома не испрати ниту еден удар во рамките од голот.

Во второто полувреме гледавме нешто поизедначен натпревар, „волчицата“ го имаше поседот, а до изедначување стигнаа дури откако Аталанта остана со играч помалку. Асистентот при погодокот Госенс заработи втор жолт картон во 69. минута. Во самиот финиш кај Рома беше исклучен Ибанез. Предноста од играч повеќе Рома ја искористи само шест минути кога Кристанте стрелаше за 1:1.

Со оваа поделба на бодовите Аталанта дојде до 65 бода колку што има и Јувентус, Милан е втор со бод повеќе. Наполи и Лацио кои играат вечерва се на петата и шестата позиција со 60, односно 58 бодови. Рома е седма со 55.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…