Белгискиот репрезентативец Јан Вертонген е на излезна врата од Тотенхем, а според последните информации големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.
Вертонген влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување, па е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најсилен интерес во моментов за 32-годишниот дефанзивец покажува Рома, која веќе стапила во контакт со неговиот агент, пренесува „Газета дело Спорт“.
Тренерот Пауло Фонсека смета дека Вертонген ќе биде идеален партнер за Смолинг и со тоа ќе формира дефанзивен бедем.
Рома му нуди на Белгиецот двегодишен договор, а Вертонген е спремен да се пресели во Рим, но бара тригодишен договор.