Женската ракометна репрезентација на Македонија денес ја очекува првиот дуел од двомеч баражот против Романија за пласман на Светското првенство.
Девојките на селекторот Симовски ќе имаат тешка задача, Романија е силна селекција, но ние се надеваме дека можеме до резултат кој ќе ни остава надеж пред реваншот дома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сара Ристовска е вистински лидер на овој тим, а тука и одличните Стојановска, Ѓорѓиевска, Гичевска…Тимот покажа зрелост со трите победи во квалификациите во Скопје.
Репрезентација на Романија е неколку нивоа погоре, селекција од светскиот крем и ако сакаме позитивен резултат мораме да бидеме максимално подготвени.
Со Романија до сега сме играле два пати и во двата натпревари Романките славеа победа. На пријателската средба во 2017 година сме загубиле убедливо со 31:18, а во 2005 во квалификациите за СП славеле победа со 29:22.
Денес од 17:00 часот се игра првиот натпревар од двомечот, реваншот е закажан за четири дена во СЦ „Јане Сандански“ во истиот термин.