Дома Останати Тенис Ролан Гарос: Дел Потро преку маратонскиот меч против Чилиќ закажа полуфинале против Надал

Ролан Гарос: Дел Потро преку маратонскиот меч против Чилиќ закажа полуфинале против Надал

Aргентинецот, Хуан Мартин Дел Потро се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако го победи Хрватот Марин Чилиќ во четири сета 7:6, 5:7, 6:3 и 7:5.

Дел Потро до победата стигна после скоро четири часа игра. Мечот вчера беше пркинат поради дожд при резултат 5:5 во во тај-брејк во првиот сет. Аргентинецот денес освои два поени во тај-брејкот и поведе во мечот.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Чилиќ во вториот сет на два пати го одзема сервиот на Дел Потро кој направи еден брејк и изедначи на 1:1. Хрватот добро го започна третиот сет и поведе со 3:1, но тогаш застана. Дел Потро врза пет гејмови и поведе со 2:1.

Дел Потро во 11 гејм во четвртиот сет го одзема сервисот на Чилиќ и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос прв пат после 2009 година.
Во полуфиналето Дел Потро ќе се сретне со Рафаел Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз прв финалист на Ролан Гарос

Карлос Алкараз ќе игра во финалето на турнирот Ролан Гарос втора година по ред. Шпанецот с…