Во германската спортска јавност последнава недела многу се пишува за играчот на Баерн, Хамес Родригез.
Родригез влезе во втората сезона од својата двегодишна позајмица во Баерн која Баварците ја чинеше 13 милиони евра, а со оглед на тоа дека под водство на Ковач нема минутажа која верува дека ја заслужува, многу се шпекулриа за неговото предвремено заминување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многу германски медиуми, меѓу кои и „Kicker“, пишуваа дека Баерн нема да го октупи договоро на Родригез од Реал, но доколку го прашате колумбискиот фудбалер, неговата желба е јасна – сака да остане и да игра.
Колумбиецот беше повеќе од јасен, доколку Баерн не може да одговори на неговите барања, има кој може. Меѓу клубовигте кои се спремни да го купат Родригез се споменуваат Арсенал, Ливерпул, па и Јувентус.