Додека во финишот на сезоната го очекуваат битките во првенството и купот, Вардар размислува и за наредната сезона за која го договори првото засилување.
Нов ракометар на Вардар ќе биде српскиот ракометар Марко Срдановиќ. Медиумите од соседството објавија дека Вардар договорил едногодишна соработка со Срдановиќ, со можност за продолжување на дополнителна една година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Вардар пристигнува од Металопластика каде што постигна 88 голови во актуелната сезона.
Со доаѓањето на Срдановиќ се отвара прашањето за можно заминување на Дејан Манасков.