Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Ристовски: Не сме дојдени како туристи, сакаме утре да го покажеме нашиот квалитет

Ристовски: Не сме дојдени како туристи, сакаме утре да го покажеме нашиот квалитет

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Покрај селекторот на денешната прес-конференцијата присуствуваше и селекторот Игор Ангеловски, присуствуваше и заменик капитенот Стефан Ристовски.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ние сме професиналци, никако дека не смее да биде нарушена атмосферата. Ова е голем турнир на кој немаш време да тагуваш или да се радуваш. Сега не чека еден цврст противник и во овој дуел треба да влеземе со позитивните работи од претходниот. Не сме селекција која дојде тука како турист, Македонија има огромен квалитет, мислам дека тоа го покажавме и во првиот натпревар, очекувам и утре да играме на високо ниво“.

„Со Австрија направивме многу анализи на крајот излегоа со пет одбранбени играли и Алаба беше во таа анализа, навистина бевме изненадени. Денес во модерниот фудбал се можеш да очекува. Спремни сме на нивните две формации кои ги практикуваат, како што кажав ќе излеземе и ќе се обидеме да го покажеме нашиот квалитет“.

Ристовски имаше промена на позицијата и играше десно во одбраната, место неговата стандардната позиција како десен бек.

„Кога се работи за националниот дрес не гледам на која позиција играм, професионалец сум и сконцентрирам сум да играм на било која позиција на која треба да играм. Се потрудив да дадам и на таа позиција. Најважно е екипита да функционира како што треба“

Натпреварот со Украина се игра утре во 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…