Дома Македонски спорт Ристовски најави сериозни реформи во македонскиот спорт

Ристовски најави сериозни реформи во македонскиот спорт

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски, сега министер за спорт на прес-конференција промовираше нов начин на финансирање на спортот во Македонија.

 Прво ќе се направат законски измени за да се спречат злоупотребите во спортот. Второ ќе се постават приоритети кои ќе бидат повеќе финансирани од државата. Тие се 4-те федерации со најголеми спортски успеси, поделба на спортовите на олимписки и неолимписки и поттикнување онаму кадешто има најголем потенцијал за медали од меѓународни натпреварувања. Веќе следната недела ќе биде објавен првиот јавен повик за финансирање на врвен спорт, на којшто ќе можат да аплицираат сите што се натпреваруваат во Европа.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Најпрво ќе објавиме повик за финансирање на врвен спорт. Тоа значи сите оние екипи и федерации кои се натпреваруваат во Европа, веќе во понеделник или вторник ќе објавиме јавен повик на кој ќе можат да се пријават, да партиципираат. И Министерството за спорт, за таа цел одвои 85 или 84 милиони денари“, рече Ристовски.

Воедно, по следните две недели и доделувањето на споменатите средства, ќе следува и финансиска помош од државата за спортот кој порано се нарекуваше „ваучерски систем“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…