Дома Фудбал Лига на шампиони Ристовски: Леао е „три метра“ и паѓа на секоја топка…

Ристовски: Леао е „три метра“ и паѓа на секоја топка…

Репрезентативецот на Македонија, Стефан Ристовски беше еден од двајцата првотимци кај Динамо Загреб кој вчера беше поразен од Милан со 3:1.

Динамо го победи Челзи во првото коло, се надеваше на изненадување и против „росонерите“, сепак тоа не се случи. Ристовски на теренот беше до 78. минута кога на негово место влезе Јосип Дрмиќ. Адеми за кого ова беше 100. европски натпревар за Динамо го одигра целиот натпревар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Игравме против клуб кој е во топ 10 во светот и има голема традиција, затоа мора да бидеме со високо кренати глави. Ги казнија нашите грешки, ние мораме да продолжиме по истиот пат. Го победивме Челзи, изгубивме од Милан, распоредот е таков што немаме време ниту да тагуваме, ниту да одмараме“, изјави Ристовски.

Интересни изјави Ристовски даде на прашањето за двајцата фудбалери кои ги чуваше Рафаел Леао и стрелецот на третиот гол Томазо Побега.

„Леао е „толкав“ три метра, а паѓа на секоја топка. Имаше некој контакт, што знам. Сепак, сите знаат кој е Леао, а теренот е најдобар доказ и нема што посебно да се зборува. Побега? Ма сите ми побегнаа. Тешко е кога ќе ве притиснат и треба да се браните, мора да сте перфектни 90 минути, во овој натпревар Милан заслужено победи“, истакна Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона прифати понуда да го продаде за 15 милиони, но тој не сака да „слушне“ за трансфер

Барселона пред неколку дена доби понуда што ја прифати за еден од своите првотимци, но тој…