Дома Македонски спорт Ристовски им се извинил на Романците за состојбата во која се наоѓал теренот

Ристовски им се извинил на Романците за состојбата во која се наоѓал теренот

Вчера Македонија го одигра и третото реми во овој квалификациски циклус во кој одигравме три натпревари.

После овој натпревар Ерменија, Романија и ние ја продолжуваме борбата за второто место во групата. Романските новинари пред натпреварот се жалеа на состојбата во која е теренот на Арената, а искусниот Никола Станчиу откри дека капитенот Стефан Ристовски им се извинил.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Освоивме бод и за нас тоа е добар резултат. Кога ќе го погледнеме натпреварот мислам дека не заслуживме повеќе. Освен теренот беше очаен за игра, тешко се играше. Капитенот на Македонија пред почетокот на натпреварот ни се извини за состојбата во која се наоѓа“, изјави Станчиу.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…