Дома Фудбал Останато Ривалот на Ливерпул во последен момент сакал да го расипе трансферот на Фабињо

Ривалот на Ливерпул во последен момент сакал да го расипе трансферот на Фабињо

fabinho

Ливерпул синоќа на официјалната страница објави дека Фабињо е нов играч на англискиот клуб во кој стигна од Монако.

Фабињо веќе некео време беше цел на многу клубови, но на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Ливерпул. Според пишувањето на англиските медиуми, Ливепрул за овој играч платил околу 50 милиони евра и тој би требало да биде замена за Емре Чан кој најверојатно ќе потпише за Јувентус.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Меѓутоа, вистинска драма се случувала синоќа што се однесува на трансферот на Фабињо. Монако и Ливерпул усно успеале да се договорат, но во последен момент се вклучил Арсенал и се обидел да ја расипе работата на „Црвените“.

Наводно, „Топчиите“ го контактирале Монако и му кажале дека се подготвени да го платат износот како Ливерпул. На крајот се било на Фабињо кој одлучил да го избере Ливерпул пред Арсенал, бидејќи веќе пристигнал на „Енфилд“ на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Турција со два идентични гола до четвртфинале🎥

Репрезентацијата на Турција е последниот четвртфиналист на ЕП откако ја совлада Австрија с…