Дома Фудбал Останато Репрезентативка на САД со скандалозна изјава: Блатер ме удри по задникот!

Репрезентативка на САД со скандалозна изјава: Блатер ме удри по задникот!

solo.

Репрезентативката на САД, Хоп Соло, предизвика голема прашина со својата изјава во медиумите, поврзана за Сеп Блатер.

Голманката на Америка пред четири години присуствуваше на доделувањето на Златната топка, а тогаш се запозна и со тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, но и многу брзо зажалила што го запознала.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Блатер тогаш ме удри по задникот. По таа ситуација бев многу нервозна и не знаев што да правам. Повеќе никогаш не го видов. Немав прилика да му кажам дека тоа никогаш повеќе не смее да го направи, навистина се чуствував ужасно“, изјави искусната 36 годишна голманка и додаде:

„Злоупотребувањето постои во овој спорт. Сведоци сме биле на многу ситуации во кои некоја фудбалерка завршува со тренерот кој е многу постар, но сепак не смее ништо да каже. Лично можев да видам како се однесуваат, тренерита, докторите и многу други кон фудбалерките. Време е да зборуваме на таа тема и да кажеме низ што поминуваме. Се надевам дека после ова и многу други мои колешки ќе соберат храброст ова да го кажат јавно“, изјави Соло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…