Дома Фудбал Германија Ренато Санчез призна: Би сакал да играм во Милан!

Ренато Санчез призна: Би сакал да играм во Милан!

Милан во овој преоден рок направи тотална реконструкција на тимот и потроши околу 200 милиони евра, но сеуште не е завршен трансфер пазарот за „росонерите“.

Познато е дека на мета на „росонерите“ е и фудбалерот на Баерн, Ренато Санчез, а сега и самиот тој потврди дека би сакал да се пресели во Милано.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


19-годишниот Португалец истакна дека сака да има поголема минутажа и дека Милан би бил одлична опција за него.

„Би сакал да играм повеќе. Не сум задоволен од минутажата која ја добивам во Баерн, млад сум и треба да играм што е можно повеќе натпревари. Милан е одлична опција за мене, и доколку клубовите постигнат договор би сакал да се преселам во Милано“, истакна Ренато Санчез.

„Моментално сум на турнеја со Баерн во Кина, но кога ќе се вратиме во Минхен ќе имаме состанок со клубот и се надевам дека ќе најдеме решение. Во Милан ќе имам повеќе шанси да играм“, додаде младиот Португалец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пресврт: Сане го напушта Баерн и се сели во Лондон

Лерој Сане е на прагот да ја заврши својата соработка со Баерн Минхен бидејќи влезе во пос…