Викендов во „СЦ Борис Трајковски“ се одржаа Зимското национално првенство на кое учествуваа 300 пливачи од 19 клуба.
Најуспешна на ова првенство беше младата Миа Блажевска Еминова која на само 14 години сруши три рекорди. Миа постави апсолуитни рекорди на 50 метри грбно и градно и на 100 метри делфин. Освен тоа на трките на 50 метри делфин и 100 метри градно постави кадетски рекорди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На првенството за најдобри по категории беа прогласени:
Помлади пионерки – Софиа Дамјанова (ПК Октопод).
Постари пионерки, кадетки, младинки и сениорки – Миа Блажевска-Еминова (ПВК Орион).
Помлади пионери – Никола Ѓуретановиќ (ПК Вардар 2018).
Постари пионери – Јован Јанковски (ПВК Орион).
Кадети и младинци – Андреј Стојановски (ПК Нептун).
Сениори – Филип Деркоски (ПВК Орион).
На целото првенство беа поставени дури 13 индивидуални рекорди и 5 рекорди на штафетните трки.
Рекордите на Миа Блажевска:
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 50м грбно со време 29:30
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 50м градно со време 34:24
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 100м делфин со време 1:02:98
Кадетски рекорд на 100м градно со време 1:14:90
Кадетски рекорд на 50м делфин со време 28:93