Дома Трансфер зона Реконструкција во Барселона: Овие седум играчи дефинитивно можат да заминат

Реконструкција во Барселона: Овие седум играчи дефинитивно можат да заминат

Новата управа на Барселона сака во целост да ја обнови екипата во преодниот рок кој следи.

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ пренесува дека раководството на клубот на чело со претседателот Лапорта одлучило да направи големи промени после неуспешната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што се најавува може да си заминат дури 14 играчи, односно ќе бидат продадени на други тимови, а покрај можните засилувања примарна цел е да се убеди Лионел Меси да го продолжи да го продолжи договорот.

Иако Мундо Депортиво споменува 14 играчи, објавија имиња на седум од нив: Миралем Пјаниќ, Нето, Умтити, Жуниор Фирпо, Матеус Фернандеш, Кутињо и Мартин Брајтвајт. Статусот на уште некои играчи се уште не е дефиниран, но се потенцира дека ако има понуди ќе бидат разгледани.

Барселона рано испадна од Лигата на шампионите, а успеа да го освои само Купот. Теоретски каталонците се уште имаат шанси за освојување на Ла Лига, но после ремито со Леванте тие се навистина мали. На две кола пред крајот Атлетико е лидер со 80 бодови, Реал има 78, а Барселона 76.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…