Дома Фудбал Италија Реина на прошталната вечера: Заминувам поради Де Лаурентис

Реина на прошталната вечера: Заминувам поради Де Лаурентис

reina

Шпанецот објасни зошто го напушта Наполи и преминува во Милан.

Наскоро доаѓа крајот на соработката помеѓу Пепе Реина и Наполи. Шпанскиот голман стана еден од милениците на навивачите, но очигледно дека односот со претседателот Аурелио Де Лаурентис не бил на потребното ниво.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Италијанските медиуми откриваат дека Реина на прошталната вечера организирана во четвртокот им признал соиграчите дека го напушта „Сан Паоло“ поради нарушениот однос со првиот човек на клубот.

„Заминувам поради него. Никогаш нема да заборавам што овој град и луѓето во него правеа за мене. Би останал тука засекогаш, само доколку Де Лаурентис не е претседател“, наводно им се доверил 35 годишниот чувар на мрежата на своите колеги.

Реина од поодамна ја договори соработката со Милан каде што ќе премине на крајот од сезоната како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…