Реал Мадрид нема намера да седи мирно додека Интер се обидува да го доведе Лука Модриќ.
Хрватот наводно е спремен да ја прифати од Интер според која би заработил 60 милиони евра во следните шест години. „АС“ во денешното издание пишуваше дека Модриќ му поставил услов на Перез, односно побарал „кралевите“ да му ги понудат истите услови кои му ги нуди Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Реал се лути на Интер и според некои информации шпанскиот гигант е спремен да го тужи Интер кај УЕФА. Имено, во Реал сметаат дека Интер ги крши правилата на финасискиот фер-плеј бидејќи дел од парите за доведување на Модриќ сака да ги обезбеди преку спонзорски договори со „Санинг“, односно компанијата која сопственик на клубот.
Нешто слично направи ПСЖ со Катар кога го доведуваше Нејмар. Интер наводно му ветил на Модриќ и трансфер во Кина после епизодата во Интер.