Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец.
Иднината на Серхио Рамос е нејасна, но без разлика дали капитенот ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“, сепак „кралевите“ сакаат да донесат нов дефанзивец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милитао не ги оправда очекувањата, па Зидан сака да донесе нов врвен дефанзивец, а примарна цел е Диего Карлос од Севиља.
27-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.
Севиља за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра, но Реал сака преку преговори да ја намали цената.