Чилеанскиот голман, Клаудио Браво доби многу интересно писмо д Реал Мадрид.
Голманот на Манчестер Сити пред неколку дена се повреди на тренингот, а станува збор за повреда која ќе го одалечи од терените цела сезона. Иако станува збор за поранешен голман на Барселона, тоа не го спречи Реал Мадрид да му испрати писмо за поддршка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во име на сите оние кои го прават Реал Мадрид, особено нашиот претседател, Флорентино Перез, сакаме да ти посакаме најдобри желби и брзо закрепнување. Многу ни е жал што ова ти се случи, бидејќи повредите се најлошиот дел од фудбалот. Но, не се сомневаме дека со својот професионализам и посветеност да продолжиш да ги радуваш навивачите. Со голема почит и восхит“, пишува во писомото на Реал Мадрид.
Потсетуваме, Браво за Барселона во текот на две сезони запиша 75 настапи и освои две Ла Лиги, Кралскиот куп и Лига на Шампиони. Пред две години одлучи да се пресели во Манчестер Сити во кој минатата сезона го загуби местото прв голман со доаѓањето на Едерсон.
Со оглед на тоа што веќе има 35 години, големо е прашњето како ќе се развива неговата кариера.
Muchas gracias al @realmadrid por tan noble gesto. Actos como este le hacen muy bien al fútbol. Un fuerte abrazo. pic.twitter.com/uUi1Mql3SN
— Claudio Bravo Muñoz (@C1audioBravo) August 28, 2018