Реал Мадрид успеа да ја победи Барселона во трката за потписот на талентиран шпански фудбалер.
Станува збор за 16-годишниот лев бек на Мајорка, Рафаел Обрадор, кој важи за еден од најголемите таленти во Шпанија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обрадор долго време беше мета на Барселона, но Флорентино Перез успеа да ги надитри Каталонците и го „украде“ талентот пред носот на големиот ривал.
Реал Мадрид и Барселона секогаш водат големи битки за потписите на млади шпански таленти, па ова не е прв пат „кралевите“ да излезат како победници. Последен таков случај беше Марко Асенсио.
MARCA: Real Madrid beat Barcelona to sign of 16-year-old left-back Rafael Obrador from Mallorca. He is one of the most talented young players in Spanish football. pic.twitter.com/hXmlks2FZX
— M•A•J (@Ultra_Suristic) October 5, 2020