Дома Топ вести Реал Мадрид го најде наследникот на Рамос

Реал Мадрид го најде наследникот на Рамос

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец.

Серхио Рамос веќе 15 години е главен играч во одбраната на Реал Мадрид, но јасно е дека влегува во поодминати години. Притоа, се уште не е јасно дали 34-годишниот дефанзивец ќе остане во Реал бидејќи неговиот договор истекува на лето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тешко е да се верува дека Реал ќе си дозволи да го изгуби Рамос, но шпанските медиуми откриваат дека „кралевите“ веќе го пронашле неговиот наследник.

Станува збор за дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, кој со своите добри партии оваа сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти.

27-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.

Севиља за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра, но Реал сака преку преговори да ја намали цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…