Големите фаворити Реал Мадрид и Баерн беа поразени на гостувањата кај Лил и Астон Вила, а Јувентус запиша голема победа против Лајпциг.
Лил успеа да го победи актуелниот европски првак Реал Мадрид со 1-0 во второто коло од Лигата на шампионите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стрелец на победничкиот гол беше Џонатан Дејвид од пенал во 45.минута, откако Едуардо Камавинга играше со рака во шеснаесетникот.
Астон Вила е во Лигата на шампионите по 41 година и направи голем подвиг со победата над Баерн Минхен. Единствениот гол го постигна Дуран на десетина минути пред крајот на мечот.
Атлетико Мадрид доживеа дебакл на гостувањето кај Бенфика со 4:0.
Исклучително возбудлив меч одиграа Лајпциг и Јувентус, кој на крајот заврши со победа на „старата дама“. Отвори Шешко, а Влаховиќ израмни на 1:1.
Потоа домаќините дојдоа во водство откако Јувентус остана со играч помалку. Меѓутоа Италијанците успеаа да дојдат до пресврт и голема победа од 2:3.