Дома Трансфер зона Реал го прекршил ветувањето: Навас сака да си замине без оштета!

Реал го прекршил ветувањето: Навас сака да си замине без оштета!

navas

Се беше јасно уште минатото лето иако беше убедуван дека ќе има ист третман.

Кејлор Навас неодамна изјави дека за краток период од три титули во Лигата на шампионите стигнал да биде резерва без причина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Костариканецот е лут бидејќи немаше шанса да покаже дека е подобар од Куртоа, закован е на клупата и сака да замине. Навас уште во текот на летото сакаше да го напушти Реал кога пристигна Куртоа, но Лопетеги му ветуваше дека ќе добие шанса.

Тој веќе разговарал со клубот. Сака да биде испратен на позајмица или да го пуштат да замине без оштета, а тој да се откаже од договорот и парите за да оди некаде каде што ќе брани.

Каде голманот би можел да заврши?

Има 31 година, Јуве не е заинтересиран, Рома го купи Олсен, некои од клубовите во Премиер лигата го сака Навас, но тешко дека би се согласиле да платат оштета.

Најголема желба на Навас наводно е позајмица, но проблем е договорот и платата од четири милиони евра по сезона, договор со Реал има до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…