Дома Видео Реакцијата на Меси зборува повеќе од илјада зборови

Реакцијата на Меси зборува повеќе од илјада зборови

Еден од најтешките порази во историјата селекцијата на Аргентина го доживеа синоќа во Мадрид. Шпанија ги декласираше со неверојатни 6:1 и уште еднаш се потврди дека Гаучосите без Лионел Месија не можат ништо.
Звездата на Барселона заради повреда не настапи против Црвената Фурија. Од трибините гледаше очајно издание на своите играчи кои изгледаа како да се дојдени од улица да го одиграат овој дуел.
Реакциите на Меси во текот на натпреварот зборуваат сами за себе. Му беше тешко на аргентинскиот мајстор да ја гледа маката на соиграчите и на неговото лице беше видливо големо незадоволство.
Во еден момент на резултат 6:1 повеќе не можеше да гледа и ја напушти ложата на стадионот. Беа ова реакции кои кажуваат повеќе од илјада зборови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Скандал: Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната ист…