По веста дека Вардар на крајот од сезоната ќе остане без Тимур Дибиров следуваа и реакции од навивачите.
Дибиров прерасна во вистинска легенда на Вардар, а сега става крај на неговата успешна авантура во црвено-црниот дрес.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Апсолутно недозволиво е заминувањето на Тимур Дибиров и одоност кој го има Вардар према него и легендите на клубот! Ова не смее да помине така, време е повторно вардарци да стапат на сцена!Со пари од свои џеб ако треба ќе го платиме, но Тимур мора да остане, а Вардар под итно да го смени третманот спрема играчите, највеќе спрема они играчи кои дале много на РК Вардар! Доста е, и време е нешто да се семни во Вардар, не е во прашање само финансиската состојба! Вардар мора да ги негува и вреднува вредностите кои ги градеше со години!“, гласи реакцијата на една од фан страните посветени на Вардар на социјалните мрежи.