Дома Фудбал Рафиња надвор од стројот уште пола година

Рафиња надвор од стројот уште пола година

Бразилскиот фудбалер Рафиња нема да може да игра во наредните пола година после операцијата на лигаментите на коленото, соопшти медицинскиот тим на Барселона.

Рафиња тешката повреда ја заработи на натпреварот со Атлетико Мадрид на 11. ноември. Тогаш почуствува болка, но го издржа натпреварот до крајот, иако веројатно беше подобро веднаш да ја напушти играта.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После ова, Рафиња ги пропушти натпреварите со ПСВ и Виљареал, а пред неколку дена го подлегна на операција.

„Операцијата на левото колено помина успешно. Се очекува Рафиња да биде надвор од теренот шест месеци.“ – порачаа од Барселона.

Рафиња со години наназад има проблеми со повреди на колената, а веќе имаше слично тешка повреда на десното колено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус може да добие засилување од Реал Мадрид!

Италијанските медиуми откриваат дека Јувентус има намера да го засили нападот во јануари, …