Рафаел Надал загуби од Ришар Гаске 6:4, 7:5 во првиот дуел на егзибицискиот турнир во Кујонг.
За светскиот број 1 ова беше прв меч уште од 13 ноември минатата година кога поради повреда на коленото се повлече од завршниот Мастерс во сезоната.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Надал неодамна иако беше пријавен го откажа настапот на турнирите во Абу Даби и Бизбјен, а во последен момент организаторите на турнирот во Кујонг ја прифатија неговата пријава.
Овој турнир ќе биде единствената проверка за Шпанецот пред Австралија Опен кој започнува на 15 јануари. Надал минатата година во Мелбурн стигна до финалето каде беше поразен од Роџер Федерер.