Деветтата титула на Реал Мадрид во Лигата на шампионите во 2002 година секогаш ќе се памети по неверојатниот гол на Зинедин Зидан, меѓутоа не треба да се заборави дека во тоа финале гол постигна и Раул Гонзалес.
Раул откри интересна анегдота поврзана за неговиот прст во тој натпревар. Шпанецот беше под знак прашалник за натпреварот, меѓутоа неговата желба да игра била голема и на крајот се најде на теренот и погоди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ден пред финалето Иван Кампо ме нагази и не можев ниту да ја облечам копачката. Дојде докторот и му кажав направи се што треба само да играм. На еден час пред натпреварот докторот ми даде инјекција која ми го „умртви“ прстот. Затоа и кога го постигнав голот ја шутнав топката толку лошо. Дадов гол со „мртов“ прст, тоа е навистина добра анегдота за тоа финале“, изјави легендарниот напаѓач на Реал Мадрид.
? #TalDíaComoHoy en 2⃣0⃣0⃣2⃣
— Liga de Campeones (@LigadeCampeones) May 15, 2020
El @realmadrid se impuso al Leverkusen con goles de @RaulGonzalez y Zidane, en Glasgow, para conquistar su novena Copa de Europa. #UCL pic.twitter.com/3Jc91ViUUp