Ракометната репрезентација на Македонија кон крајот на месецот ја очекуваат квалификациски настапи за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Најпрво во Битола против Турција, а потоа и во Кожани против Грција во рамки на третата група во која е уште и селекцијата на Исланд.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
За престојните натпревари селекторот Гонзалез повика 28 ракометари.
Мартин Томовски (Металург), Борко Ристовски (Бенфика/Португалија), Никола Митревски (Доброгеа Суд Констанца/Романија), Мартин Велковски (Металург), Дејан Манасков (Веспрем/Унгарија), Гоце Ојлески (Еурофарм Работник), Немања Прибак (Бешикташ/Турција), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт/Романија), Мартин Поповски (Вардар), Филип Лазаров (Ратинген/Германија), Филип Талески (Рајн Некар Левен/Германија), Костадин Петров (Пелистер), Велко Маркоски (Доброгеа Суд Констанца/Романија), Златко Даскаловски (Стразбур/Франција), Марко Мишевски (Вардар јуниор), Кире Лазаров (Нант/Франција), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Никола Маркоски (Еурофарм Работник), Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Мотор Запорожје/Украина), Филип Кузмановски (Еурофарм Работник), Марио Танкоски (Металург), Филип Чурлевски (Еурофарм Работник), Димитар Димитриоски (Металург), Томислав Јагуриновски (Металург), Филип Арсеновски (Металург), Милорад Кукоски (Еурофарм Работник), Мартин Манасков (Пролет 62).