Дома Фудбал Италија Распродадени сите дресови на Роналдо – еве колку заработи Јувентус!

Распродадени сите дресови на Роналдо – еве колку заработи Јувентус!

Извештаите од Италија говорат дека Јувентус веќе продал 300.000 официјални дресови со името на Кристиано Роналдо, од кои половината во првите два дена после официјализацијата на трансферот.

Веднаш почнаа да кружат информации за тоа колку Јувентус заработил само од дресовите на Роналдо, но не беа вистинити.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Точната сума ја објавија денес италијанските медиуми и изнесува 6,5 милиони евра, бидејќи поголемиот дел му припаѓа на произведувачот „Адидас“, кој е технички спонзор на клубот.

Дресот на Јувентус за новата сезона чини 105 евра, а доколку сакате да го купите дресот со бројот и името на Роналдо ќе треба да доплатите додатни 40 евра.

Моментално не е возможно да се купи дрес од Роналдо бидејќи се сите распродадени, а наскоро „Адидас“ ќе пушти во продажба нови количини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…