Расправијата помеѓу тренерот на Интер, Антонио Конте и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели продолжила и во тунелот, откриваат италијанските медиуми.
Конте покажа среден прст кон директорите на Јувентус во ложата, а по завршувањето на мечот камерите го фатија Ањели како го пцуе Конте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Газета дело Спорт“ расправијата помеѓу двајцата продолжила и во тунелот, а спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи дури и сакал физички да се пресмета со тим-менаџерот на Интер, Габриеле Ориали.
Конте во тунелот му рекол на Ањели: „Кажи ми ги тие работи во лице ако имаш храброст. Ако имаш нешто да ми кажеш, кажи ми го во лице“.
Од Интер застанаа позади својот тренер поради гестот кој го направи и тврдат дека Конте постојано бил навредуван од играчите и директорите на Јувентус за време на мечот.