Андреа Ањели на 28 ноември се повлече од функцијата претседател на Јувентус, а сега повторно зборуваше за оваа негова одлука.
Веќе е познато новото раководство на Јувентус, Џанлука Фереро е новиот претседател. Во бордот на директори влегуваат уште Фиорана Виторија Негри, Маурицио Сканавино, Диего Пистоне, Лаура Капиело. Сите функции ќе бидат утврдени на 18. јануари за кога е закажано собрание на акционерите на клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Напуштањето на претседателството не беше лесна одлука за мене. Покрај тоа што го сакам Јуве, работев напорно за да ги постигнам извонредните резултати од последните години, на теренот и надвор од него.
Оваа одлука ја донесов во потполно спокојство, останувам цврсто убеден во добрата работа на сите овие години, мислење кое е потврдено и во последните недели со анализа на бројни експерти: Јувентус ќе ја демонстрира својата легитимност каде и да треба.
Мислев дека е соодветно да се направи чекор назад, за да се избегне дека воопшто може да се помисли дека изборот и одлуките што ќе се носат отсега се условени по моја лична наредба. Беше чест да се биде претседател на Јувентус, што е над се и над секого“, изјави Ањели.
Новиот претседател на Јувнетус, Фереро е роден во Торино и има диплопа за Економија и трговија. Во минатото бил на повеќе раководни позиции во многу компании.