Акутелниот шампион на Англија за противник во осминафиналето ја доби шпанска Барселона, што секако е тежок противник.
Но, она што е полошо е тајмингот кој е одреден за двомечот со шпанскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот натпревар со Барселона, Челзи ќе го одигра на домашен терен 20 февруари, четири дена подоцна го очекува гостување против Манчестер Јунјатед. Ако мислевте дека тоа е се, се излажавте.
Веднаш потоа ги чека ново пеколно гостување овој пат против моќниот тим на Манчестер Сити, овој натпревар закажан за трети март. По овие три пеколно тешки натпревар Челзи ќе има нешто полесна задача, барем на хартија.
Но, потоа на „сините“ им следи нов тежок натпревар, четири дена по натпреварот Челзи го очекува реваншот против Барселона.
После ова можеме само да ги потврдиме зборовите на Конте кој неодамна изјави дека она што може да го „убие“ Челзи е распоредот. Навистина е тешко да се сетиме кога некој клуб имал ваков рапоред во само три недели.