Како и во Премиер лигата каде што се борат Сити и Ливерпул (распоредот тука), така имаме интересна битка и во Серија А, а таму три екипи се во борба за Скудетото, Интер засега е во „пол позиција“.
Милан вчера „киксираше“ и одигра 0:0 против Торино, „росонерите“ така останаа лидери, но повеќе не зависи ништо од нив затоа што Интер има натпревар помалку и ако победи на сите натпревари до крајот ќе ја одбрани титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан е прв на табелата со 68 бода, Интер и Наполи имаат по 66. До крајот има уште шест кола, а еве како изгледа распоредот на овие три тима. Во заостанатиот натпревар Интер треба да игра со Болоња.
МИЛАН – 68 БОДА
Милан – Џенова
Лацио – Милан
Милан – Фиорентина
Верона – Милан
Милан – Аталанта
ИНТЕР – 66 БОДА
Специја – Интер
Интер – Рома
Болоња – Интер
Удинезе – Интер
Интер – Емполи
Каљари – Интер
Интер – Сампдорија
НАПОЛИ
Наполи – Рома
Емполи – Наполи
Наполи – Сасуоло
Торино – Наполи
Наполи – Џенова
Специја – Наполи
Ако судиме според имињата на противници најтежок е можеби распоредот на Милан, но останува да видиме во каква форма ќе бидат трите главни кандидати за титулата во Италија во завршницата од сезоната.