Серхио Рамос веќе потврди дека го напушта Пари Сен Жермен по две години поминато во овој клуб, денешниот натпревар за шпанскиот дефанзивец е последен во дресот на овој клуб.
„Сабота ќе биде посебен ден за мене – ќе се збогувам со уште една фаза од мојот живот, со Пари Сен Жермен. Ме очекуваат нови предизвици, ќе носам нов дрес“, порача Рамос преку социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заминувањето на Рамос го потврди и претседателот на клубот, Ал Келаифи.
Би сакале да му се заблагодариме на Рамос за двете години што ги помина со нас. Серхио е вистински лидер и неговиот тимски дух и професионализам во комбинација со искуство на највисоко ниво го прават вистинска фудбалска легенда. Беше чест да го имам во Париз. Сите во клубот му посакуваат се најдобро“, изјави Ал-Хелаифи.
По потврдата за заминување шпански „АС“ објави дека Рамос кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија во редовите на Ал Хилал, наводно овој клуб веќе му доставил понуда од 100 милиони евра.