Серхио Рамос и покрај тоа што сезонава не игра премногу поради проблемите со повредите стигна до титулата шампион на Франција со ПСЖ. Сепак, Шпанецот сигурно не може да биде задоволен со прикажаното во сезоната.
Дефанзивецот ретко беше на теренот поради честите повреди, се појавија најави и дека може да замине од ПСЖ. Сега Рамос призна дека имал проблеми адаптацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ми беше тешко да се адаптирам. Со години играв во друг клуб и живее во друга земја и град. Со доаѓањето тука следуваа големи промени: куќата, персоналот, екипата, училиштето на децата…Не е лесно да дојдете во голем град како Париз. Ми помогна тоа што во соблекувалната има неколку играчи со кои сум бил соиграч, тука е и Кимпембе кого го познавав“, изјави Рамос кој и потенцираше дека не е задоволен од прикажаното.
„Одиграв само неколку часа, сакам да се вратам на потребното ниво и почесто да бидам на теренот. Никогаш нема ништо подобро од тоа да играте во добра форма и да му помагате на својот тим“, изјави Рамос.