Серхио Рамос имаше јасна порака после победата над Пари Сен Жермен.
„Кралевите“ славеа против Пари Сен Жермен во првиот натпревар од 1/8 финалето, а капитенот на гигантот од Мадрид испрати јасна порака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Реал Мадрид никогаш не смее да се смета за мртов. Многу денови за паметење се пред нас, а тоа е поради нашиот карактер. Ова беше важна победа за враќање и мораме да продолжиме под исто темпо. Сериозно сакаме да го одбраниме трофејот“, изјави Рамос.
Дефанзивецот ги пофали и соиграчите од одбраната.
„Секоја грешка води до опасен напад на ПСЖ, затоа беше потребно да ја задржиме концентрацијата. Направивме важен чекор, но ништо не е готово“, заврши Шпанецот.
Потоа тој ја прокоментира и спорната ситуација.
„Топката ме погоди во градите, па во раката. Немав намера да играм со рака“, заклучи капитенот на Реал Мадрид.