Дома Фудбал Рамос за пеналот: Нема ривалство помеѓу мене и Бејл

Рамос за пеналот: Нема ривалство помеѓу мене и Бејл

Kaпитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е задоволен од тоа како работите во овој клуб се одвиваат во последно време.

„Кралевите“ вчера на гостински терен го победија Леганес со 3:1 во рамките од шпанската Ла Лига, а после победата Рамос истакна дека тој и соиграчите успеале да ја свртат сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ги свртивме работите и сега мораме да продолжиме со ваквите резултати. Ваквите победи ни даваат мотив и тоа значи дека ќе можеме да се бориме за да ги остватиме нашите цели. Сакаме  да го намалиме заостанувањето, да напредуваме и постигнуваме што е можно повеќе погодоци“, изјави Рамос.

Исто така новинарите ги интересираше дали пости ривалство помеѓу него и Бејл кога во прашање е изведувањето на пенали.

„Пенал? Кога Роналдо не е теренот. Бејл или јас ги изведуваме пенали, но не постои ривалитет помеѓу нас двајца“, порача капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…