Дома Фудбал Англија Рамзи испрати емотивна порака до фановите: Се чувствувам многу разочарано…

Рамзи испрати емотивна порака до фановите: Се чувствувам многу разочарано…

ramsey

Денеска е потврдено дека Рамзи повеќе нема да настапува во дресот на Арсенал поради повреда која ја заработи на натпреварот против Наполи.

Имено, тој го договори трансферот во Јувентус по крајот на сезоната, и со самото тоа го одигра својот последен натпревар во дресот на Топџиите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После се, се огласи и самиот Рамзи, кој малку разочаран, но и тажен поради тоа што нема да има прилика повторно да го облече дресот на Арсенал.

„Многу сум тажен што натпреварот против Наполи беше мојот последен во дресот на Арсенал. За жал, повредата ќе ме оддалечи од теренот до крајот на сезоната. Разочаран сум бидејќи нема да можам да играм до крајот и да дадам се од себе за клубот. Нормално, немам влијание тоа, но сакам да им се заблагодарам на навивачите на Арсенал за поддршката. Беше ова одлично патување и многу нешта се случија во овие 11 години. Дојдов како дете, а заминувам како оженет човек, татко на три деца, полн гордост и прекрасни моменти. Ова ќе биде емотивен викенд, бидејќи ова е последен домашен натрпевар. Се радувам што повторно ќе ве видам сите и ќе ви се заблагодарам од срце за се.“ – напиша Рамзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Босански голман го збесна Роналдо: Португалецот не постигна гол од седум зицери

Фудбалерите на Ал-Насра го победија Ла-Калееј на гости во 29. коло од Саудиската Про лига …