Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарките со три порази ја завршија групната фаза на ЕП на плажа

Ракометарките со три порази ја завршија групната фаза на ЕП на плажа

Македонските ракометарки на Европското првенство на плажа во женска конкуренција го претрпеа и третиот пораз во групата без освоен сет.

Избраничките на селекторот Златко Мојсовски и помошничката Ања Алтхаус денес беа совладани од домаќинот Португалија со 2:0 сетови. Слично како и во првите два меча Македонија нешто подобра игра прикажа во вториот сет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првиот сет Португалките го добија со 20:12, додека во вториот беше понеизвесно и нашите ракометарки го загубија со три разлика 17:14.

Во текот на вчерашниот ден нашата селекција беше поразена во двата натпревари против Украина и Холандија исто така со по 2:0 во сетови.

Најефикасна денес кај нас беше Ивана Божиновска со пет гола, Диневска постигна три. Со овој пораз ја завршуваме групната фаза и ќе продолжиме во разигрувањето за конечното место на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…